Заврши меѓународен кошаркарски турнир за јуниори

Заврши меѓународен кошаркарски турнир за јуниори – АВ ОХРИД 2016

Екипата на Игокеа триумфираше на премиерното издание на меѓународниот кошаркарски турнир за јуниори кој викендов го организираше кошаркарскиот клуб АВ Охрид во спортската арена „Билјанини Извори“.

IMG_7966

Кошаркарите на Игокеа до трофејот на турнирот на кој учествуваа екипи од целиот Балкан стигнаа победувајќи го составот на Партизан со убедливи 82-58 во финалниот натпревар.

Бронзениот медал од турнирот со меѓународен карактер им припадна на кошаркарите на Слобода од Тузла кои во малото финале по голема борба го совладаа домаќинот АВ Охрид 68-64.

IMG_8052

Наградата за најкорисен играч на турнирот замина во рацете на Илиќ од Игокеа, најдобар стрелец со 81 поен беше прогласен Јакуповиќ од Слобода додека фер плеј признанието им припадна на домаќините.

IMG_8187

IMG_8192

IMG_8201Резултати:

Група А: Игокеа – Слобода Тузла 59-49, Игокеа – МЗТ Скопје 91-66, Слобода Тузла – МЗТ Скопје 64-59.

Група Б: Партизан – Работнички 67-63, Партизан – АВ Охрид 77-76, АВ Охрид – Работнички 63-60.

Мало финале: АВ Охрид – Слобода Тузла 64-68

Финале: Игокеа – Партизан 82-58

IMG_8022 IMG_8009 IMG_8004 IMG_8015

Фотографиите од 21.05.2016 можете да ги најдете на фан страната од КК АВ Охрид: https://www.facebook.com/avohrid/photos_stream?tab=photos_albums

Фотографии од 22.05.2016 https://www.facebook.com/media/set/?set=a.1627180354274480.1073741840.1471221633203687&type=3

Снимка од видеопреносите имате на следните линкови:

КК Партизан – КК АВ Охрид

https://www.youtube.com/watch?v=qU6aMqVnBMQ
Финале: КК Партизан – КК Игокеа
Прво полувреме: https://www.youtube.com/watch?v=4GlW3piwGBE
Второ полувреме: https://www.youtube.com/watch?v=Gvf4D8p_Jhg
3-то место: КК АВ Охрид – КК Слобода Тузла

https://www.youtube.com/watch?v=R6jtjxHmWhY

Михаил Постолоски
Фото: Стојан Стојановски/2С Студио