КК АВ Охрид не запира, седма победа во низа!

КК АВ Охрид не запира, седма победа во низа!

ошаркарите на АВ Охрид ја запишаа и седмата победа во низа откако славеа на гостувањето кај Академија ФМП со 83:94.

Со оваа победа избраниците на Чочоровски се зацврстуваат на лидерската позиција во Втората кошаркарска лига пред Пелистер кој својот натпревар ќе го игра подоцна против Вардар на гостински терен.

Со победата од 11 кошеви разлика кош количникот на охриѓани сега е +135 убедливо најголем во втората по ранг кошаркарска лига во Македонија.

Во следното коло кое ќе се игра на 12 декември КК АВ Охрид ќе биде домаќин на претпоследно пласираната екипа на Шкупи.

Извор: Охрид24

Leave a Reply