КК АВ Охрид новиот прволигаш

КК АВ Охрид новиот прволигаш

Во последното коло, во Охрид надиграна беше екипата на Радовиш која се спаси од испаѓање.Охриѓани после седум години повторно добиваат кошаркарски прволигаш, и според амбициите кои ги имаат, нема да бидат „топовско месо“, туку ќе го засилат актуелниот тим и ќе се обидат да им ги замрсуваат сметките на фаворитите.
Јавна честитка до охриѓани упати и претседателот на МКФ, Петар Наумоски, преку официјалната интернет страница на федерацијата.