Single Blog Title

This is a single blog caption

Охриѓани со пресврт до триуфм во супер дербито

Кошаркарите на АВ Охрид ја продолжија победничката серија во Втората лига откако со 66-61 (15-15, 13-16, 16-17, 22-13) го совладаа Гостивар во супер дербито од 12-та рунда.

Охриѓани речиси четири четвртини имаа резултатска негатива, а во последниот, одлучувачки квартал експлодираа и го свртија резултатот во своја полза.

Првиот период заврши егал (15-15), вториот гостинските кошаркари го добија со (16-13) за вкупни 31-28 на полувремето.

Во третата четвртина гостиварчани ја зголемија разликата на семафорот за еден поен (48-44) добивајќи ја со (17-16).

Ефикасниот напад и добрата одбрана на „галебите“ во решавачката четвртина им пресуди на гостинските кошаркари кои ги испотија домаќините за задржување на стопроцентниот ефект во Втората лига.

Најпрецизен со 25 поени во составот на Охрид беше капитенот Слободан Михајловски, а по 13 кошеви реализираа Бранко Јанески и Марјан Младеновиќ.

Во гостинскиот состав се истакнаа браќата Роберто и Ренато Димитриевски кои заедно постигнаа 28 поени.

Мх.П.