Прв пораз на КК АВ Охрид

Прв пораз на КК АВ Охрид

Кошаркарскиот клуб АВ Охрид го претрпе првиот пораз оваа сезона во второлигашката конкуренција од екипата на Вардар.

Охриѓани во дербито на гостински терен беа поразени со 13 коша разлика (75:62),а беа инфериорен противник во текот на целиот натпревар.

Домаќините уште од самиот старт ја презедоа играта во свои раце и без страв се спротивставија на тимот кој до пред тој натпревар немаше ниту еден пораз во сезоната.

Најефикасен на паркетот беше кошаркарот на домашниот тим Радуловиќ со реализирани 23 поени, додека кај охриѓани најрасположен за игра беше Петар Виларов кој за нецели 29 минути уфрли 15 коша.

Во следното 16.коло АВ Охрид на домашен терен ќе ја пречека екипата на Академија ФМП.